Еден од најголемите кантавтори, текстописци и музичари на овие простори, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст, објавија попладнево српките медиуми.
Пред три дена, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника на Клинички центар во Војводина, каде се лекувал од пневмонија.
Роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Тој беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, пред во 1982 година да започне соло кариера.
Има издадено вкупно 12 албуми, а има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишува и музика.
Беше омилен поради неговите текстови – длабоки, реални и емотивни што допираат до срцето.
Балашевиќ беше чест гостин во Македонија и често одржуваше концерти. Во неговиот огромен опус песни има и една посветена на Скопје„ Срцето ми чука 7/8“.