Во изминатото деноноќие, седум лица починаа од ковид-19, а регистрирани се 416 нови заразени со корона вирус од направени 2.705 тестови, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Од починатите, тројца се од Скопје (61г, 66г, 86г), двајца од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г), сите во болнички услови.
Од новите 416 случаи со ковид-19, најмногу се од Скопје – 186 заразени лица.
Регистрирани се и 278 оздравени пациенти.
Со ова вкупно во нашата земја од почетокот на епидемијата ковид-дијагностицирани лица се 96.152, а починати се 2.966. Во моментов има 6.064 активни случаи, од кои 2.818 во Скопје.