Dark Mode Light Mode

Талентираните министри им земаат мерка на вистинските таленти 

Талентираните луѓе се надежтта на секоја држава дека ќе има добра иднина. Затоа и државите се трудат да ги откриваат и потоа стимулираат во развивање на својот талент. Како е во Македонија?

Успеваат пред се само оние кои се таленти за пикање (читај упикување) во политиката. Другите – вистинските таленти или имаат многу тежок пат или го фаќаат патот кон границата.

Последниот случај од вчера кога се дозна дека Министерството за образование му пишало на осмооделеноцот Дамјан Давков дека нема да добие парична награда бидејќи победил во државен натпревар по математика за средношколци – зборува доволно какви таленти го водат министерството.

Реклама

Да, сега има најави од Министерството дека ќе го преиспита целиот случај, ама откако се дигна јавноста. Откако сите видовме како стојат работите. Знаат таквите таленти како да се стиша револтот на граѓаните.

Што ако пак утре се појави некој нов талент, во некоја друга објаст – физика, хемија, биологија… и кој поради тоа што е во основно школо нема да може да добие паричен стимул бидејќи победил во рангот на средношколците!? И да расчистиме, не е за се виновна посочената апсурдна законска регулатива која не давала да се делат награди за напредни деца. Па знаеме чии министерски деца имаа предност за добивање стипендии за студирање во странство, законските одредби таму се јасни. 

Во нормалните држави не само што ги помагаат своите талентирани деца туку и ги бараат талентираните во земји како Македонија која има функционери кои мислат дека само нивните деца се талентирани. Затоа и талентираните ни замнинуваат, а функционерските „таленти“ останаа да се „мачат“ во државата добивајки награди, грантови за иновации, директорски места… Но да си приповториме: Се тоа ќе платат родителите на вистински талентираните деца кои ќе си заминат од Македонија. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вечерва втора изведба на „Балетски бисери“ во МОБ

Next Post

Образовната реформа на собраниска расправа, поканети ли се оние кои ја критикуваа?

Реклама