Dark Mode Light Mode
На семафорите во Скопје да се стават и рампи
Дебатата во Собранието е на ниско ниво, кои пратеници дебатираат, а кои само гласаат?
Ќе ја смират „Адвокатската улица“ - станува еднонасочна

Дебатата во Собранието е на ниско ниво, кои пратеници дебатираат, а кои само гласаат?

На ниско ниво е квалитетот на дебатата во Собранието во последните две години и постои значителен простор за подобрување, се наведува во анализата на Институтот за демократија. Оваа невладина организација од јуни 2014 година го следат квалитетот на дебатата во Собранието и работата на Собранието генерално. Анализата се однесува на период од 4 август до 31 декември 2020 година.

–На скала од 1-најнизок до 10-највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието е 5.5 и е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за квалитетот на дебатата се движеше од 6.0 до 6.3. За разлика од минатите периоди квалитетот на дебата во Собранието не ја добива минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, стои во Извештајот.

Поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 61 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 39 отсто. Најчесто за збор се јавувал и најдолго на пратеничката говорница се задржал Бојан Стојаноски. Меѓу најактивните 10 пратеници, се најдоа три пратенички, Гордана Сиљјановска Давкова, Дафина Стојаноска и Жаклина Лазаревска, една пратеничка повеќе споредено со претходниот период (јули – декември 2020).

Реклама

Пратениците повеќе се осврнувале кон разгледување на личноста на соговорниците отколку кон нивните аргументи. Во 16 отсто од излагањата, пратениците искажале почитување или делумно почитување кон аргументите на пратениците од другата политичка партија, додека непочитување или делумно непочитување кон аргументите искажале во 26 отсто од дискусијата. Почитување или делумно почитување кон нивната личноста искажале во 32 отсто, додека непочитување или делумно непочитување искажале во 20 отсто од дискусијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На семафорите во Скопје да се стават и рампи

Next Post

Ќе ја смират „Адвокатската улица“ - станува еднонасочна

Реклама