Dark Mode Light Mode

За нас 103.200 вакцини од КОВАКС кон крајот на февруари

Преку КОВАКС механизмот, Македонија ќе добие 103.200 дози вакцини против ковид-19, од вкупно 337,2 милиони, кои оваа Иницијатива на ОН планира да ги испорача во првата половина од годинава во 145 земји во светот.

Според СЗО, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари.

Распределбата на количините дози ќе бидат пропорционално на бројот на населението на секоја земја, па така на глобално ниво најмногу ќе добие Индија (97,2 милиони), додека во регионот Србија – 345 600 дози.

Реклама

КОВАКС ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера најави дека месецов вакцинацијата ќе почне со 200. 000 кинески вакцини, а датумот на испорака на вакцините ќе биде познат деновиве.

Вакцините што ќе ги добиеме преку КОВАКС ќе бидат од „Астра Зенека“. Инаку, во неколку земји имаат резерва за оваа вакцина односно не ја даваат на лица над 65 години, а некаде е стопирана во очекување на нови резултати од испитувањето на нејзината ефикасност.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Си купил „бе-ем-ве“ со фалсификувани евра, а сопственикот на возилото видел какви се парите и ги трошел

Next Post

Нов земјотрес во Петриња, отворените дупки во земјата станаа уште поголеми

Реклама