Dark Mode Light Mode
Нов земјотрес во Петриња, отворените дупки во земјата станаа уште поголеми
По една година предистрага: Конечно уапсени креаторот и администраторот на ланската „Јавна соба“, за оваа се уште ништо
Операција Попис: Кој ќе се попишува и како

По една година предистрага: Конечно уапсени креаторот и администраторот на ланската „Јавна соба“, за оваа се уште ништо

Креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“, која на Телеграм беше активна минатата година, од вчера се уапсени, а денеска Обвинителството отвори истрага против двете лица на возраст од 32 и 21 година за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Со денешното отворање истрага за случајот, завршува предистражната постапка која траеше една година, за која Обвинителството во денешното сооштение се правда дека траела долго, бидејќи бил комплексен случај со многу учесници и жртви на злоупотреби.

Во истото соопштение ЈО вели дека врз основа на пријави од оштетени и жртви за определени членови на групата „Јавна соба“ се води предистрага за сторено кривично дело, кое се гони по службена должност.​ Притоа се охрабруваат оштетените и жртвите од овој и слични настани да ги пријавуваат во МВР.

Реклама

Додека обвинителството водеше предистрага за скандалозната „Јавна соба“ од лани, на почетокот на годинава се појави и „Јавна соба 2“ со нови жртви. Во овој случај досега се уапсени 4 лица.

Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека до денеска треба да заврши вештачењето на телефоните по што сето тоа ќе биде предадено во Обвинителството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нов земјотрес во Петриња, отворените дупки во земјата станаа уште поголеми

Next Post

Операција Попис: Кој ќе се попишува и како

Реклама