Dark Mode Light Mode

Претежно сончево, температура до 16 степени

Во Скопје денеска наутро со појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Времето во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 13 до 22 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Реклама

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бојкотот на средношколците од понеделник на еднонеделен распуст

Next Post

Дивоградбата кај Мавровка...

Реклама