Dark Mode Light Mode

За една недела починале 174 пациенти од вирусот, новозаразени се 5.518 лица

Во периодот од 7 до 13 декември пријавени се 174 смртни случаи од корона вирусот во Македонија што е намалување од 5,4 отсто во однос на минатата недела, се наведува во редовната неделна анализа на Институтот за јавно здравје. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.

-Во истиот период регистрирани се 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на САРС-ЦоВ-2 изнесува 34,8 проценти, што е  намалување од 2 отсто во однос на минатата недела, се наведува во анализата.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години 1.503. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години 1.042, 50-59 години 1.040, 40-49 години 1.030 и 20-29 години 648. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години 73 и 10-19 години 182.

Реклама

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-ЦоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2 проценти повеќе во споредба со минатата недела.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Наравоучение од Финска и од фините!

Next Post

Спасовски: Ќе се третира како кривично дело издавањето викендици на групи луѓе

Реклама