Dark Mode Light Mode

Проф. Силјановска Давкова: Припадничката на Преспанската каста, Мила претпочита географија, а не историја

Професорката и пратеничка од редовите на опозицијата Гордана Силјановска – Давкова денеска преку Фејсбук го искажа својот став за вчерашната најава на министерката за образование Мила Царовска за промените во концептот на основното образование и птетопување на предметот историја – во друг почирок предмет. Во објавата таа укажува на погрешниот пристап намерата за спојување на повеќе предмети во еден.

Објавата на Силјановска – Давкова ја пренесуваме во целост:

„Аман“ од таа историја!  

Реклама

Министерката Царовска, небаре Хера, за неполни четири „постреволуционерни“ години,  со помош на Зевс (Заев), протрча низ социјалната политика и труд, се впрегна во економијата и стигна во  „ својата“ област –  образованието. Веднаш реши да ги „ослободи“ децата од „досадната“ и „конфликтна“ национална историја, поврзувајќи ја со општествените науки. Посака да ги „спаси“ еднаш засекогаш од „ПОГРЕШНОТО ТОЛКУВАЊЕ“, кон кое сме „склони“ и од кое „страдаме“ ние, Македонците. Чуму ни е премногу историја, што би рекол Черчил, зошто пријателски да не ја споделиме со соседите, оти тие, како членки на ЕУ се „докажани“ историски нации, што „ПРАВИЛНО“ ЈА РЕВИДИРААТ ИСТОРИЈАТА, а ние, заради претешкиот историски „товар“, не можеме да се придвижиме кон ЕУ! Колку „грешеле“ Орвел и Сантајана кога ја истакнувале важноста на историјата за секој народ.    

Како припадничка на Преспанската каста, Мила претпочита географија, а не историја. Реши да им ја оставиме, па и  „поттуриме“ на соседите и да го „решиме“ македонското прашање! Во аргументацијата  се повика на примерот на Финска, позната по одличниот образовен систем, ама, не и по отсуството  на предметот „ историја“! Не е важно, фино звучи! Ама, освен примери, за реформа се потребни длабоки анализи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за суштински промени на Законот за државјанство

Next Post

Да сум градоначалник на Кисела Вода ќе го направам Расадник како Централ парк во Њујорк

Реклама