Dark Mode Light Mode

Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот план, велат од Бирото за образование

Реформите не предвидуваат укинување научни дисциплини, туку нов пристап во наставата, наведе Бирото за развој на образованието, додавајќи дека со новиот наставен план ниту еден наставник нема да остане без работа.

Бирото кое работеше на новата Концепција за основното образование најавува дека предлог-текстот на Концепцијата ќе биде даден на јавна расправа и сите засегнати страни ќе може со свои предлози да учествуваат во подобрување на овој концепт. Имплементацијата е предвидено да почне од учебната 2021/22 година со учениците од прво и шесто одделение, по усогласување на концепцијата и наставните програми со сите релевантни чинители.

По донесувањето на Концепцијата ќе следи изработка на наставни програми за сите одделни наставни предмети. Од Бирото наведуваат дека овој процес, како и до сега, ќе биде транспарентен и инклузивен, а во него ќе учествуваат универзитетски професори и наставници од практиката кои заедно со претставници од Бирото, ќе ги развиваат наставните програми.

Реклама

БРО истакнува дека предлог-наставниот план предвидува изучување на нови интегрирани наставни предмети, но тоа не значи укинување на одделните научни дисциплини – историја, географија, граѓанско образование. Напротив, тие ќе бидат изучувани преку нови пристапи што подразбираат интеграција и интердисциплинарно изучување прилагодено на возраста на учениците.

-При изработката на новиот наставен план и застепеноста на задолжителните и изборните предмети особено внимание е посветено на ангажираност на постоечкиот наставен кадар, искористување на капацитетите со коишто располага секое училиште и одговорно тврдиме дека ниеден наставник нема да остане без работа. Наставниците ќе бидат ангажирани за реализација на наставата, а особено за креирање на сопствена листа на изборни предмети и за изработување наставни програми од интерес на учениците, Исто така, ќе бидат ангажирани во реализација на општествено-хуманитарната работа со учениците и воннаставните активности, наведуваат од Бирото за развој на образованието.

Оттука нагласуваат дека иако фондот на часови е намален по одредени наставни предмети (музичко и ликовно образование), преку изборните предмети и воннаставните активности наставнииците кои ја изведуваат наставата ќе имаат дури и повеќе часови отколку што имале до сега. Според анализите на БРО, ќе има и потреба од ангажирање на нови наставници. Целото ангажирање на наставниците ќе биде вреднувано, како преку нивниот кариерен развој, така и преку зголемениот обем на работа (доколку се ангажирани за реализација на различни активности во училиштето).

БРО ги повикува сите наставници да ја дадат поддршката на предвидените реформи.

Инаку, во соопштението не беше наведено која по ред е оваа реформа на образованието во последните 30 години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Да сум градоначалник на Кисела Вода ќе го направам Расадник како Централ парк во Њујорк

Next Post

Починале 31 пациент од вирусот, новозаразени се 657 лица - половина се од Скопје

Реклама