Dark Mode Light Mode

Да сум градоначалник на Кисела Вода ќе го направам Расадник како Централ парк во Њујорк

Електроинженерот Бојан Велевски одговара на прашањето: кои три работи тој би ги направил ако е градоначалник на Кисела Вода.

  1. Големо пространо зеленило во Расадник

 Локацијата Расадик е една од највредните што ја има Кисела Вода и таа треба најдобро да се искористи. Не сум поборник на градба на многуте згради што се предвидени таму. Јас го замислувам Расадник како њујоршки Cnetral park. Го замислувам како пространо зеленило во кое би имало бројни содржини. Би направил специфични зелени површини со осветлени посебни патеки за прошетки, велосипеди и предвидени делови за пикник и настани на отворено. Сигурен сум дека тоа ќе им се допадне на граѓаните.

 2. Мултифункционални објекти

Реклама

Освен зеленило, на граѓните им се потребни и специфични објекти. Би направил два капитални мултифункционални објекти, големина на Capital mall. Првиот спортски со целини: олимписки базен, спортска сала, фитнес сала. Вториот за здравствена намена со целини: медицинска поликлиника, старечки домТакви објекти се многу неопходни во општината.

 3. Мораториум за градежни активности

Една од одлуките би ми била и мораториум за сите градежни активности во централниот дел од Кисела вода, ослободување на просторот за пешаците со оградување со столбчиња на сите тротоари, наплата на месечен паркинг за сите возила кои немаат паркинг предвиден со зградите и куќите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Проф. Силјановска Давкова: Припадничката на Преспанската каста, Мила претпочита географија, а не историја

Next Post

Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот план, велат од Бирото за образование

Реклама