Dark Mode Light Mode

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за суштински промени на Законот за државјанство

Законот за државјанство мора суштински да се промени и ние ќе дадеме многу амандмани и се надевам заедно ќе го смениме текстот, истакна денеска Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со тројца сведоци било од каде можат да кажат за некој и тој да си земе македонско државјанство. Се менува редот и поредокот, затоа ова не е добар закон и затоа граѓаните треба да знаат дека овој закон не е поминат, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со измените на Законот за државјанство во предложената форма од страна на Алијанса и Алтернатива.

Тој укажа дека брзите постапки за носење закони прават голема штета на сите.

Реклама

-Знаете што ќе се случува, многу луѓе од многу различни краеви ќе си добиваат државјанство. Сè ќе се смени, цел поредок. Со тие ваши брзи постапки се прават многу грешки. Се надевам ќе добиеме поддршка и се надевам на поддршка затоа што ќе имаме фантомски партии, фантомски гласачи. И не спорам дека некои треба да добијат државјанство, но треба да има основана и јасна процедура, рече тој.

Инаку и од СДСМ имаат забелешки за кои најавија дека ќе разговара со пратеничките групи и ќе поднесе амандмани.

Пред два дена на предлог измените на законот реагираа и од „Левица“ опоменувајќи дека со нивно носење „на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!?“

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ со амандмани ќе реагира на предлог измените на Законот за државјанство

Next Post

Проф. Силјановска Давкова: Припадничката на Преспанската каста, Мила претпочита географија, а не историја

Реклама