Dark Mode Light Mode

43 нови пациенти заразени со вирусот хоспитализирани во Скопје

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.

-Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием, и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во болницата 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а 13 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден, се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Реклама

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.

Во 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.

-Голем дел од пациентите во болниците во главниот град се на кислородна поддршка, нагласуваат од ресорното министерство.

И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во болницата „8 Септември“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се обидел да ја убие сопругата со секира, па се самоубил

Next Post

Скопјанец заврши во притвор, полицијата му најде 147 грама марихуана

Реклама