Dark Mode Light Mode
Блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје: До паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците
Мицкоски: Бугарската страна кажа дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што би значело дека Заев тргува
1.100 новозаразени лица од вирусот, починале 30 пациенти

Мицкоски: Бугарската страна кажа дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што би значело дека Заев тргува

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево реагира на прес – конференцијата на копретседателите на Мешовитата македонско-бугарска историска комисија – бугарскиот Ангел Димитров и македонскиот Драги Ѓоргиев – чија што работа заврши неуспешно.

Во објавата на својот профил на Фејсбук, која ја пренесуваме интегрално, тој го наведе следното:

 –Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“ којшто го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата.

Реклама

Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува.

Та нели сѐ беше во главата на вмровците?

Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.

Заев е проблемот, а народот е одговорот!, напишал Мицковски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје: До паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците

Next Post

1.100 новозаразени лица од вирусот, починале 30 пациенти

Реклама