Dark Mode Light Mode

По три дена уапсен крадецот на 24 стебла марихуана од полициска станица

По три дена полицијата успеала да го уапси крадецот на 24 стебла на марихуана од просториите на полициската станица во Гевгелија. Секторот за внатрешни работи Струмица- Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(34) од Гевгелија. Постојат основи на сомнение дека тој сторил три кривични дела: „тешка кражба“ „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „загрозување на сигурноста“.

-Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Canabis sativa и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Canabis sativa, се наведува во соопштението на полциијата.

На 30.11.2020, по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, увид на местото извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по што се преземени соодветни мерки за откривање на сторителот.

Реклама

 На 03.12.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети. За време на претресот пријавениот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, наведува полицијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ЕХФ го одложи мечот Вардар - ПСЖ

Next Post

Филипче: Обезбедени се 833.000 вакцини за 400.000 граѓани, вакцинирањето нема да биде задолжително

Реклама