Dark Mode Light Mode

Филипче: Обезбедени се 833.000 вакцини за 400.000 граѓани, вакцинирањето нема да биде задолжително

Обезбедени се 833.000 вакцини со кои ќе се вакцинираат околу 400.000 граѓани и кои ќе бидат бесплатни и незадолжителни, изјави на денеска Венко Филипче, министер за здравство.

Тој објасни дека вакцините се набавуваат преку „Ковакс” механизмот со што вакцините ќе се добијат согласно планот за нивната дистрибуција.

-Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници, граѓаните над 65 години и хронично болните граѓани, потоа вработените во критичната инфраструктура и во транспортот, истакна Филипче додавајќи дека со оваа вакцина нема да бидат опфатени децата и дека вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и нема да биде задолжителна.

Реклама

Се работи за вакцини кои се примаат по две дози, а се очекува да се обезбедат и дополнителни дози од 800.000 вакцини директно од компаниите и уште 800.000 од земјите членки на ЕУ.

-Покрај ова доставено е и барање до „Астра Зенека” и „Фајзер” и после тоа ги чекаме одговорите и дефинитивната потврда дека дополнителна количина ќе може да набавиме директно од компаниите. И третиот механизам е од земјите членки на ЕУ, од кои 100 милиони вакцини се за оние земји кои не се членки. Аплициравме со понуда од Полска, од Грција и тоа се 800 илјади дополнителни вакцини. Целта е да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, тоа е доволно за да се стекне имунитет, појасни Филипче.

Вакцинацијата ќе се врши во постоечките капацитети пунктовите и болниците. Ќе се спроведе брз процес на премин, сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени. Нашите здравствени работници имале искуство од други вакцини од друг тип, што значи дека веќе имаме соодветна експертиза.

Вакцинацијата на специфичните групи и здравствените работници ќе се врши во јавните здравствени установи.

-Епидемијата е се уште многу силна. Има навистина многу голем број на заразени. Пред нас е период на семејни собири и слави. Апелирам сите да се воздржиме од такви прослави. Сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници ќе се слават како што тоа било порано. Да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на зараза, кажа Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По три дена уапсен крадецот на 24 стебла марихуана од полициска станица

Next Post

На бугарските историчари им пречела придавката „македонски“, а не ги бендисало и секцирањето на Цар Самоил

Реклама