Dark Mode Light Mode

Се обидел да ја убие сопругата со секира, па се самоубил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци  заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во соопштението се наведува дека според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73 – годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија.

-По извршеното дело, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одземал животот. Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот. Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување, се објаснува во соопштението.

Реклама

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии  и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ и денеска со блокади во Скопје: Заев тргува со идентитетот, јазикот и историјата

Next Post

43 нови пациенти заразени со вирусот хоспитализирани во Скопје

Реклама