Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се покачи за по денар, а на дизелот за денар и половина, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика. Зголемувањето на цените, во просек, изнесува 2.57 отсто.
Согласно на ова, цената на литар Еуросупер – 95 ќе изнесува 60,50 денари а на Еуросупер – 98 ќе биде 62,50 денари.
Цената на Еуродизел за еден литар од вечерва на полноќ ќе чини 53.00 денари.