Dark Mode Light Mode

Али Ахмети стана почесен доктор на државниот Универзитет во Тетово

Државниот Универзитет на Тетово му го додели признанието почесен „Доктор Хонорис Кауса“ на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.

-Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети, се наведува во соопштението.

Комитетот за доделување на признанието е составен од: професорите Вулнет Амети како претседател и Шезаи Рокај и Арсими Бајрами како членови.

Реклама

Инаку, како што се гледа од кусата биографија на Али Ахмети (роден во 1959 година) објавена на интернет-сајтот на македонскиот парламент, тој има завршено високо образование и по струка е педагог.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведено момче во Аеродром, му нашле марихуана

Next Post

Филипче: Бројката на хоспитализации се стабилизира

Реклама