Поднесено е обвинение против маж за ивршено убиство при семејно насилство случено во август минатата година, соопшти денеска Основно јавно обивнителство Скопје.
Во обвинението поднесено од Основен кривичен суд Скопје се наведува дека обвинетиот убиството го сторил со остар предмет.
-Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која живеел во вонбрачна заедница. На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала, се наведува во обвинителниот акт.
Поднесен е и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.