Dark Mode Light Mode
Филипче: Бројката на хоспитализации се стабилизира
Институтот за национална историја: Македонската евроинтеграција не смее да се условува со туѓи историски влијанија
Скопјанец обвинет за убиство на партнерката со два убоди во врат

Институтот за национална историја: Македонската евроинтеграција не смее да се условува со туѓи историски влијанија

Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на, како што се вели, влијанија и историски вистини од други национални историографии, потенцира во денешното соопштение Институтот за национална историја. Во обраќањето до јавноста се наведува дека ИНИ реагира на актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет.

-Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува и тоа дека интерпретацијата на историјата мора да биде водело со научна етика.

Реклама

-Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат одредни исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи, велат од Институтот за национална историја.

Оттаму додаваат дека научната мисла треба да биде слободна и независна, а не политички условена.

-Изразуваме свој категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на било какви политички влијанија, се нагласува во обраќањето.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Бројката на хоспитализации се стабилизира

Next Post

Скопјанец обвинет за убиство на партнерката со два убоди во врат

Реклама