Dark Mode Light Mode

Пожарникарите се разочараа од Шилегов и решение ќе бараат од Владата

Скопските пожарникари кои вчера почнаа со протест заради неисплатување на надоместокот за опасност при работа на денешниот протест пред канцеларијата на скопскиот градоначалник најавија дека проблемот ќе го решаваат пред Владата.

-Чекаме од градоначалникот писмен одговор дека не е во состојба да ни го реши проблемот со нивелирањето на платите.. Со оглед дека нема слух за нас, одлучивме дека нема ефект чекање овде. Затоа ќе преземеме други мерки, а тоа би било да се обратиме до Владата. Како што ни соопшти градоначалникот, спорно било да се примени член од законот за пожарникарство за да ги добиеме нашите 20 проценти. Ако е е тоа проблем нека ни даде писмен одговор и тогаш ќе одиме на повисоки инстанци да се смени тој член за да ни исплатат колку што одлучил судот. Ние не бараме покачување туку сакаме пресметки според судски одлуки. Тоа значи ако сега земаме 80 отсто би требале да ни ги вградат тие 20 отсто што ни следуваат, изјави Дејан Исаевски, член на Иницијативниот одбор, претставник од третата чета во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Од друга страна, денеска во Владата изјавија дека ќе посредуваат во решавањето на овој проблем настанат поради косењето на два закони.

Реклама

– Владата е тука, на некој начин да посредува, за да се изнајде што поскоро решение Проблемот со пожарникарите се провлекува повеќе од 15 години и беше игнорирано, а на иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава, а тоа е зголемувањето на средствата кои од буџетот на Одбрана беа префрлени на општините во 2020, вкупно 51 милион денари повеќе од минатата година, изјави Душко Арсовски, портпаролот на Влада.

Планирано е да се направат измени и дополнувања во Законот за пожарникарство во ќе бидат вклучени Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Не претеруваат само возачите: Полицијата казни 23 пешаци

Next Post

Полноќните загадувања најголеми во Лисиче, Карпош, Центар...

Реклама