Dark Mode Light Mode

Полноќните загадувања најголеми во Лисиче, Карпош, Центар…

Ноќните часови се најкритични за Скопје кога се работи за загадувањето на воздухот, покажуваат податоците на мерните станици по скопското подрачје во изминативе денови. Анализата на податоците покажува дека во тој период се случува пораст на концентрациите наспроти опаѓањето кое потоа се забележува во дневниот период.

Така, на пример, најголема концентрација на опасните ПМ10 честички во изминативе денови е забележана на мерната станица во Лисиче на 24 октомври кога на полноќ таму била измерена концентрацијата од 110,3 микрограми на ПМ10 честички на кубен метар воздух. Ова станица била најкритична и на полноќ на 27 октомври кога била измерена концентрацијата од 103 микрограми на кубен метар воздух, а на 26 октомври 84,6 микрограми. Загадувањето било различно во ралични временски периоди но најинтензивно од 19 часот до 3 часот по полноќ, од 18 до 04 часот по полноќ, од 19 часот до 01 часот по  полноќ…. 

Максимално дозволената концентрација, инаку, е 50 микрограми на кубен метар воздух.

Реклама

Повисоки концентрации на ПМ10 честички во доцни ноќни часови се забележувани и во Карпош на 24 октомври – 81 микрограм, на 25 октомври – 66,9 микрограми како и Центар на 27 октомври – 64,8 како и во Гази Баба – 64 микрограми. Надминување на максимално дозволените концентрации имало и во претходните денови но на помало ниво.

Денеска на пладне, пак, во Центар е забележано високо ниво на ПМ2,5 честички и средно на ПМ10 честички. Во Лисиче има средно ниво на ПМ10 честички, а во Карпош високо на ПМ2,5 честички.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пожарникарите се разочараа од Шилегов и решение ќе бараат од Владата

Next Post

Олимпизмот во Македонија кризира: Кривична пријава против челните луѓе - Тупурковски и Поповски

Реклама