Dark Mode Light Mode

Опозиционерите и Филипче во клинч на комисиска расправа за мерките

Во тензична атмосфера, повишени тонови и упатување на тешки квалификации поминува сендицата на собраниската Комисија за здравство која расправа за новопредложените мерки против ширењето на корона вирусот. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинија министерот за здравство Венко Филипче дека е најодговорен за тешките последици од опасниот вирус и дека треба да поднесе оставка.

Филипче тврдеше дека ќе имаме не повеќе од 2.000 заразени, а имаме 20.000. Не е се под контрола, а за тоа е најодговорен господинот кој што седи пред мене. Гласот ми трепери оти не ја водите работата како што треба, и тоа се одразува на сите граѓани. Само глобите и казните да не бидат врз опозицијата со реваншизам. Вие и само вие сте одговорен, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Нејзина сопартијка Олга Лозановска го обвини министерот Филипче дека здравствените работници не се заштитени, а здравството е целосно во хаос.

Реклама

Зборувам за сите здравствени работници кои што работат во клиничките болници кои што треба да се однесуваат кон секој пациент како да е позитивен на Ковид, а притоа им се дава една маска за 24 часа. Како може, да речеме во приватно здравство се да има, а во државното не може да се тестираат граѓаните. Навистина здравството ни е во хаос, во катастрофална состојба, плус заразените здравствени работници, рече Лозановска.

На ова министерот за здравство возврати.

Знаете дека хаосот потекнува од 60-те милиони евра долг што ги оставивте. И ако сакавте во Дограма да инвестирате немаше да правите Скопје 2014, ќе ја направевте Дограмата, ќе ја направевте болницата од милијарда евра. Срамота е ова што го зборите. Јас не знам како излегувате овде и зборите не ми е јасно, со кое лице. Вие за здравствени работници зборите. Што зборувате…колку беа платите, каде се докторите. Во Германија зашто ги избркавте. Како не ви е срам, не ми е јасно, рече Филипче.

Комисијата се изјаснува за предлозите за задолжително носење на маски на отворен простор, забрана за групирање на отворен простор по 22 часот на повеќе од 4 лица и забрана за прием на повеќе од четири гости во домаќинства. Беа поднесени и неколку амандмани околу кои се водеше расправа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За два дена три напади врз полицајци во Аеродром, Матка и Орешани

Next Post

Пронајден кокаин и хероин во Чаир, приведен 35-годишен маж

Реклама