Dark Mode Light Mode
Полноќните загадувања најголеми во Лисиче, Карпош, Центар...
Олимпизмот во Македонија кризира: Кривична пријава против челните луѓе – Тупурковски и Поповски
„Левица“: Без пожарникари не можеме, без Шилегов сигурно можеме

Олимпизмот во Македонија кризира: Кривична пријава против челните луѓе – Тупурковски и Поповски

Хаос во Македонскиот олимписки комитет. Имено, Атлетската федерација на Македонија најави поднесување кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсификување од страна на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски и генералниот секретар Сашо Поповски.

По тој повод атлетичарите излегоа со соопштение кое вии го пренесуваме во целост:

-Првите луѓе на Олимпискиот Комитет Васил Топурковси и генералниот секретар Сашо Попоски уште еднаш покажаа дека олимпиското движење го сваќаат како нивна приватна забава и фамилијарен бизнис, рушејќи ги сите начела на олимпизмот со недозволување на демократија, јавност во работењето и нормално спортско функционирање.

Реклама

Ние, како спортски федерации од олимписките спортови во Македонија, веќе неколку години се бориме за да се смени овој начин на функционирање на Олимпискиот Комитет, а случувањата од последниве неколку дена уште еднаш ни потврдуваат дека нашата борба е оправдана.

Ние само бараме коректно изборно собрание по сите законски норми, без сопки и игранки од секретарот Поповски. А во духот на олимпизот нека победи подобриот.

Прекршувања на Статутот, злоупотреба на законите, но и заобиколување на олимписките начела има многу, но ќе наведеме само неколку

Прво, Управниот одбор самостојно презема ингеренции на Собранието и се стави над над него како највисок орган, со донесување на ограничувачки и дискриминаторски критериуми при кандидирање што е незаконски и не е предвидено во Статутот.
Второ, затоа што се прифаќа како делегат во Собрание претставник на непостоечка пливачка федерација, а не се прифака претставник од законската федерација, која е запишана во Централниот регистар.
Трето, на чуден начин на 24 часа пред одржувањето на Собранието, нестатутарно е доведена во прашање кандитурата на еден од кандидатите, со што е направено грубо прекршување на изборниот процес.
Четврто, од страна на Олимпискиот Комитет се испраќаат полномоштва до Федерациите, за тоа кој треба да биде делегат од Националната федерација, наместо Федерациите кои се членови на Собранието сами да си го определат претставникот.

Заради сите овие прекршувања и злоупотреби и нашите очекувања тие да продолжат и на денешното Собрание, а изборот да се претвори во фарса креирана од Тупурковски и Поповски, сакаме да ги предупредиме дека нема да го толерираме тоа и ќе бидиме принудени да поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсикување.

Управниот одбор на МОК вчера ја отфрли кандидатуратаза претседателски кандидат на  Александра Војеска Зикова со образложение дека претседателката на АФМ не ги исполнува критериумите кое се пропишани за номинација за претседателски кандидат, стои во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полноќните загадувања најголеми во Лисиче, Карпош, Центар...

Next Post

„Левица“: Без пожарникари не можеме, без Шилегов сигурно можеме

Реклама