Dark Mode Light Mode

Скопје стаса до 3.551 случај на заразени, секој шести е во Аеродром

Речиси половина од сите активни случаи на корона вирусот во Македонија се на скопското подрачје каде вкупната бројка во изминатово деноноќие стаса до 3.551 случај. Ова најмногу се должи на новоинфицираните 353 граѓани за кои вчера информираше Министерството за здравство од вкупно 628 случаи во целата земја.

Секој шести активен случај отпаѓа на општина Аеродром  – вкупно 661 – а со што таа и натаму е најголемо жариште на ширењето на опасниот вирус. Зад неа, како и досега, се општините Карпош – 541, Центар – 508 и Гази Баба – 460 и Кисела Вода – 432. Нешто помалку активни случаеви имаат Ѓорче Петров – 299, Чаир – 169 и Бутел – 168.

Значително помалку слуачеви на скопското подрачје има во Илинден – 61, Сопиште – 31, Шуто Оризари – 29, Сарај – 27, Петровец –21, Чучер Сандево – 19, Зелениково – 9, Арачиново – 8 и Студеничани – 8. Нераспределени има 80, додека пак бројот на странци е 20.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно со утринска магла

Next Post

Караџовски: Населението ме разочара, а не е точно дека ние не сме подготвени

Реклама