Dark Mode Light Mode
Пратениците неделава ќе одлучуваат за носењето на маски на отворено
ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести се стави во функција на извршител на Заев и Филипче
За Триумфалната порта и споменикот на Мајка Тереза

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести се стави во функција на извршител на Заев и Филипче

Комисијата за заразни болести потфрли во целост и е највиновна за енормниот број на заразени од корона вирусот во Македонија, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа партија во соопштнието наведува дека членовите на Комисијата наместо како лекари се поставија како политичари.

Епилогот е скоро 6.000 заразени од ковид-19 од почетокот на месецот до денес. Комисијата која велеше дека се е под контрола и се стави во функција на извршител на Заев и Филипче. Околу 5.500 луѓе моментално се позитивни на корона вирусот во државата додека бројките на починати континуирано растат. СДСМ исполитизира се. Исполитизирана е и Комисијата за заразни болести, и менаџментот во здравството, затоа цело лето не се презема ништо во оспособување на нови болнички капацитети, и затоа медицински кадар бега од Македонија, се потенцита во партискиот став.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека власта не ги направила потребните подготовки за претстојниот есенски бран на ковид што следи, па уште сега нема место во болниците.

А, нема ниту вакцини против сезонски грип. Власта нема никаква стратегија. За здравјето на граѓаните се одлучува со ден за ден политики. Граѓаните се жртва на аматеризмот на власта. Потребна е одговорност, се наведува во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пратениците неделава ќе одлучуваат за носењето на маски на отворено

Next Post

За Триумфалната порта и споменикот на Мајка Тереза

Реклама