Dark Mode Light Mode

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Од денеска до четврток, 22 октомври ќе се одбележува манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македоноски јазик „Крсте Мисирков“. Во рамките на оваа манифестација ќе се одбележат 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис, и ќе се промовираат најновите изданија од Институтот.

Исто така, во амфитеатарот на Институтот, ќе биде промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, и книгата „Македонски лингвисти“ од Иван Глигоровски.

На отворањето на манифестацијата за денеска најавено е обраќање на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и претседателот Стево Пендаровски.

Реклама

Во вторник и в среда, по повод отворени денови на Институтот, ќе биде отворена Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, каде поздравни обраќања ќе имаат директорката Јованова-Грујовска, претседателка на Меѓународниот организациски одбор на Конференцијата Лидија Тантуровска и премиерот Зоран Заев.

В четврток ќе биде прикажана видеочеститка од научниот кадар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Милошоски: Се подготвува нова дефиниција за Гоце Делчев, за Киро Глигоров...

Next Post

Обвинителството нареди истрага за перење пари и купување на градежно земјиште на Водно

Реклама