Dark Mode Light Mode

Уште колкумина возат без возачка дозвола во Скопје?

Возење без возачка дозвола и на технички неисправни возила се одомаќило меѓу скопските возачи. Тоа го покажуваат и податоците за вчерашните контроли кои ги направила скопската сообраќајна полиција.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 273 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 31 лица и за 31 лице за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во соопштението на полицијата.

За пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 50 казни како и 15 мерки за неносење на сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, додека 16 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 49 казни за неносење на заштитна маска.

Реклама

Големиот број на утврдени прекршоци покажува дека полицијата треба уште понастојчиво да работи на терен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Обвинителството нареди истрага за перење пари и купување на градежно земјиште на Водно

Next Post

Не, не оди вака со комисија со одвај 3-4 историчари

Реклама