Dark Mode Light Mode

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

До Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од корона вирусот. Ова денеска го соопшти инистерот за здравство, Венко Филипче.

-Анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени во минатите недели, за утрешната седница ќе предложиме сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на јавниот превоз до 50 проценти, препорака до јавната администрација, општините и судовите работниот процес да се одвива во смени или оналајн од дома, рече Филипче.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени минатите недели, капацитетите во болниците во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп се веќе исполнети, а отворено е уште едно крило во болницата во Битола. Забрзано се полнат кацитетите и во болницата во Гостивар.

Реклама

-Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час. Да собереме сили сите да го избегнеме сето ова, порача Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бензините поевтини за половина денар, дизелот со истата цена

Next Post

Притвор за кумот на Груевски поради плацови на Водно

Реклама