Dark Mode Light Mode

Пратениците неделава ќе одлучуваат за носењето на маски на отворено

 

Виза за промени во Законот за заштита од заразни заболувања се очекува во текот на неделава да дадат пратениците во македонскиот парламент со што ќе се воведат нови мерки за заштита од корона вирусот. Предложените мерки предвидуваат задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири.

Министерот за здравство, Венко Филипче, појасни дека очекува оваа недела да се изврши амандманска интервенција во законот.

Реклама

-Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба, изјави викендов Филипче.

Се најавува поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ иако таа, според лидерот Христијан Мицкоски, не била консултирана за мерките.

-Тука сме, стоиме на располагање со сиот свој потенцијал како политичка партија, како опозиција да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со оние незнајковци од политичката Комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев. Нека ми каже некој кои се тие мерки јас не ги знам тие мерки, каков е тој закон?! Па еве носиме маска, тоа се мерки коишто веќе постојат, не треба сега ново гласање, ако треба еве ќе ги поддржиме за маска на отворено, изјави Мицкоски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казни за 749 граѓани за неносење маски

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести се стави во функција на извршител на Заев и Филипче

Реклама