Dark Mode Light Mode

Од ковид почина едногодишно дете од Домот во Битола

Едногодишно дете згрижено во Домот за доенчиња во Битола починало од ковид на 29 минатиот месец на Клиниката за адетски болести во Скопје, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, бебето неколку пати претходно било хоспитализирано на оваа Клиника поради компликации од неговите основни заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија.

Детето во текот на ноеври прво било хоспитализирано во болницата во Битола кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на ковид 19 и е упатено во Клиниката во Козле. Но, потоа со ниска кислородна сатурација од 64% , детето е префрлено на Клиниката за детски болести за понатамошен третман и  соодветно лекување. Таму било на механичка вентилација, и по пет дена починало, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Константно и денеска: 333 нови заразени и 11 починати од ковид

Next Post

Од Британија ни пристигна омикрон

Реклама