Dark Mode Light Mode
Во Данска ќе се вози со македонски дозволи
Мицкоски бара избори во мај или јуни откако Македонија не доби датум за преговори
Повредена жена во судар на автобус и кола во Ѓорче Петров

Мицкоски бара избори во мај или јуни откако Македонија не доби датум за преговори

ВМРО-ДПМНЕ бара во февруари или март, да се формира техничка влада, а во мај – јуни да се оджат предвремени парламентарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија.

Лидерот Христијан Мицкоски на денешната пес-конференција рече дека вчера помина и Европскиот совет на лидерите на ЕУ каде прашањето за датум за преговори со Европската Унија на Македонија не беше ставено на дневен ред, со што според него, државата доживува уште еден неуспех, односно уште една година празен од на патот кон Европската Унија.

-Македонија е блокирана и заглавена од комплетно ирационален, новосоздаден и реален спор кој го имаме со источниот сосед. И секој месец тој, за жал, се продлабочува, се проширува рамката за работите за кои се разговара и, за жал, сè подалеку сме од решение. Воедно како поминува времето забележливо е дека бугарските барања се зголемуваат, дека македонската влада има целосно отсуство на стратегија и план, истакна Мицкоски.

Реклама

Според него, со оваа најнова блокада испаруваат и последните причини за партнерите во власта и натаму да бидат дел од таа власт која, како што рече, јасно е дека не нè носи кон европска иднина.

-Новото вето е причината поради која очекувам, ако Алтернатива држи до зборот, или Кастриот кој велеше дека срцето му било во Вашингтон и Брисел, сега кога е јасно дека со СДСМ и ДУИ, заедно со нив не мрдаме од мртвата точка на застојот, да излезат јавно и да кажат дека не постојат причини да ја поддржуваат власта. Во спротивно докажуваат дека имаат и некакви поинакви мотиви за останување во тоа друштво“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Данска ќе се вози со македонски дозволи

Next Post

Повредена жена во судар на автобус и кола во Ѓорче Петров

Реклама