Dark Mode Light Mode

Арсовска: Шилегов го презадолжил градот, бесплатен превоз ќе има за две години

Во мандатот на претходниот скопски градоначалник Петре Шилегов долгот на Градот Скопје е зголемен за трипати во однос на неговиот претходник. Ова денеска на брифинг со новинарите го соопшти новата скопска градоначалничка Данела Арсовска која додаде дека со тоа градот, практично, веќе не може да се задолжува за нови капитални проекти.

-Претходното градско раководство преку нетранспарентни постапки за јавни набавки, кредити и други трошоци направило долг во градот од повеќе од 50 милиони евра. Не сакам сега да објаснувам како е направен тој долг за да не шпекулираме со бројки тука, ќе ги добиете целосните извештаи од финансиската анализа во кои се гледаат причините за ова огромно задолжување на градот, рече Арсовска.

Таа рече дека нема да го продолжи градењето на новиот мост во Аеродром, затоа што имало голем број нерешени имотно-правни односи. Причина е што Шилегов почнал да го гради мостот, за тоа потрошил пари од граѓаните, а не ги решил големиот број имотно-правни односи.

Реклама

-Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба. Ќе биде нешто што нема никаков ефект и бенефит за граѓаните. Постапката за да се заврши тој мост ќе трае десетина години. Ние ќе почнеме да ги решаваме, но кога ќе ги решиме е прашање на време, рече Арсовска додавајќи дека иста е ситуацијата и со мостот Љубљанска во Карпош 4.

Од друга страна Арсовска најави дека се работи на реорганизација на ЈСП и дека за две години целосно ќе се реализира проектот за бесплатен јавен превоз за граѓаните.

– Се работи на програмата што ја имавме зацртано, односно се преземаат првите чекори од етапното воведување бесплатен автобуски превоз. Ревизијата во ЈСП Скопје е започната, се детектираат сите слабости во работењето на ова претпријатие. Целта е најпрвин, претпријатието да излезе од долговите, второ – да се овозможи да се воведе бесплатен превоз, првично на оние категории на кои што им беше ускратено ова право и трето – изнаоѓање начини за детектирање на финансиски средства преку донатори за набавка на прва транша на автобуси, а понатаму ќе видиме како ќе биде финансирањето, нагласи градоначалничката Арсовска.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шекеринска: Не ги научивме лекциите, не ги разбравме пораките, нема да бидам во следната влада

Next Post

12 починати во 24 часа и уште 4 од претходно - има и нови 327 заразени

Реклама