Dark Mode Light Mode

Шекеринска: Не ги научивме лекциите, не ги разбравме пораките, нема да бидам во следната влада

 Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата Влада. Тоа е одлуката која таа ја донела, а која ја соопшти на денешната конференција за печат што се одржа во Министерството за одбрана.

Долгогодишната висока функционерка во СДСМ објасни дека се повлекува од „принципиелни“ причини бидејќи не се согласува со дел од политиките на најзината партија во изминатиот период кои придонеле за пораз на локалните избори при што таа не очекува работите да се сменат. Таа потсети дека поради несогласувањата решила да се повлече и од раководството на СДСМ, каде што до последниот конгрес беше заменик-претседателка.

– Мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики со кои не се согласував придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнавме или не ги разбравме. Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада, изјави Шекеринска.

Реклама

Таа воедно изрази задоволство од она што го постигнала во својата работа во изминативе 4,5 години. Министерката посебно го потенцира членството на нашата земја во НАТО, како и целосно променета ситуација во македонската армија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стејт департмент: 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во ИД, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале

Next Post

Арсовска: Шилегов го презадолжил градот, бесплатен превоз ќе има за две години

Реклама