Dark Mode Light Mode

Петочна полициска проверка во Аеродром, Центар и Карпош: Возат без дозволи и пијани

Во текот на вчерашниот ден во период од 20:00 до 04:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, во општините Аеродром, Карпош и Центар при што санкционирани се 135 возачи. Во Општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без возачка дозвола, две мерки за измината важност на регистрација на возилото, 14 санкции за возење под дејство на алкохол.
Во Општина Карпош санкционирани се вкупно 29 учесници во сообраќајот, од кои четири управувале возило без возачка дозвола, 18 возеле под дејство на алкохол, шест санкции за возач почетник.
На територија на Општина Центар санкционирани се вкупно 46 возачи, од кои пет управувале без возачка дозвола, 17 возачи управувале под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Снегот донесе забрана за тешки моторни возила на повеќе места во западна Македонија

Next Post

Во скопско возило Србин пренесувал 41 мигрант - како ли ги сместил?

Реклама