Dark Mode Light Mode

12 починати во 24 часа и 377 нови заразени со ковид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка по 6, Радовиш и Валандово по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2 и по еден заразен во Струга, Пробиштип и Крушево.

Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 12 починати лица – петмина од Скопје (63, 82, 85, 85 и 87 години) и по едно починато лице од Куманово (61), Охрид (58), Битола (67), Штип (66), Струмица (62), Крива Паланка (78) и Виница (69). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавен еден смртен случај од 6 декември. Станува збор за лице од Скопје на возраст од 92 години кое починало во болнички услови.

Реклама

Во последните 24 часа регистрирани сe и 307 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677, од кои 2.742 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Која е границата за „мртов“ пијан - вчера фатен возач со 4,14 промили алкохол во крвта

Next Post

Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места добија струја

Реклама