Dark Mode Light Mode
Четири лица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Куманово
Бугарска истрага: Во автобусот имало и втор возач, дел од преживеаните се во шок и не можат да сведочат
(ФОТО) Цвеќе и играчки пред македонската Амбасада во Софија

Бугарска истрага: Во автобусот имало и втор возач, дел од преживеаните се во шок и не можат да сведочат

Во автобусот имало и втор возач, но засега не е познато дали е тој меѓу преживеаните. Направен е распит со повредените, но само двајца можеле да дадат изјави, додека останатите се во шок, изјави денеска директорот на бугарската национална служба за истрага Борислав Сарафов кој одржа прес-конференција на самото место на трагедијата на автопатот Струма, заедно со државниот обвинител од Македонија Љубомир Јвески и обвинителката Вилма Русковска.

Од она што е досега познато според Сарафов, на ова патување имало четири автобуси на истата фрма кои не возеле во конвој туку на оддалеченост од 15 до 20 минути.

Направен е распит на преживеаните кои се во болницата во „Пирогов“, но само двајца од нив дале исказ, додека останатите биле во шок и не се во состојба да сведочат. Сарафов рече дека има и очевидци на несреќата и со нив ќе се разговара.

Реклама

На прашањето, дали во автобусот имало дополнително горивво како што објавија некои медиуми, Сарафов рече дека не му е познат таков момент.

Државниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески рече дека македонските оргаи ќе ги обезбедат сите документи што ќе ги побараат бугарските истражни органи и преку соработка ќе се дојде до разјаснување на околностите за трагедијата и ќе се помогне во идентификација на жртвите.

Од Канцеларијата на главниот обвинител на Бугарија соопштија дека ќе се води само една истрага и тоа во Бугарија во соработка со македонските институции.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека на самото место на несреќата е и сопственикот на компанијата „Беса транс“ со кого таа разговарала, но истакна дека повеќе верува на документи отколку на изјави.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Четири лица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Куманово

Next Post

(ФОТО) Цвеќе и играчки пред македонската Амбасада во Софија

Реклама