Во изминатите 24 часа регистрирани се девет починати лица како последица на ковид. Од нив три се од Скопје (85г, 75г и 41г) и Штип (91г, 86г и 78г), две од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г), сите во болнички услови.
Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово, Велес, Штип, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар. Починатите лица се на возраст од 61 до 89 години од кои пет лица се починати во домашни услови, а едно во болнички услови.
Направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи со ковид-19: во Скопје се 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Оздравени се Од 484 пациенти.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, на оздравени пациенти е 197.120, на починати 7.464, а на активни случаи изнесува 8.281, од кои 3.831 од Скопје.