Dark Mode Light Mode

Откажани сите активности на Собранието

Одложени се сите активности и средби во Собранието поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Од собраниската прес-служба велат дека само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница, на која единствена точка е извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година. Од таму додаваат дека Националниот совет за евроинтеграции ќе заседава бидејќи веќе се дојдени амбасадорите.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изрази сочувство лично и од име на пратениците за трагично загинатите лица во автобуската несреќа, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И волкот сит и овците на број на паркингот кај Холидеј Ин

Next Post

Четири лица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Куманово

Реклама