За речиси ти и пол месеци (06.08 до 18.11.2021) на територија на државата има 53.682 граѓани кои се позитивни на ковид 19. Од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица, додека 36.980, граѓани, односно 69% од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани.
Околу една четвртина од хоспитализираните со коид се вакцинирани, или од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани.
Најмногу од починатитте од ковид во изминатиот период се невакцинирани, покажува анализата. Од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Од денешната анализа што ја достави Министерството за здравство може да се забележи дека има мало пораст на процентот на вакцинирани меѓу заразените. Пред две недели тој процент беше 22%, додека заклучно со вчера е 31 отсто.