Dark Mode Light Mode
Утре средба Заев-Гаши
Градоначалникот на Ѓорче Петров еднаш месечно ќе се среќава со граѓаните
ЛДП и ДОМ ќе предложат со закон да се забрани за „копање“ криптовалути

Градоначалникот на Ѓорче Петров еднаш месечно ќе се среќава со граѓаните

Секој последен четврток, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ќе остварува средби со жителите на Општината. Тој денеска прими десетици граѓани кои по еден месец од неговото доаѓање на функцијата, побараа да се сретнат со него. Стојкоски посочи дека е отворен за сечиј предлог, но и да чуе сечиј проблем. Неговата комуникација продолжува и преку официјалните канали на општината, како и преку социјалните мрежи.

– Нема успех, без да се чуе сечиј предлог и проблем. Со најголем дел од вас комуницираме преку социјалните мрежи. Ги читам пораките и коментарите. Затоа што јас сум тука за вас, а заедно сме тука за Ѓорче да биде подобро место за живеење. И затоа, секој последен четврток во месецот, ќе бидам во општината, за средби со вас! Ако делуваме заедно, се поддржуваме и критикуваме, ќе можеме да се коригираме и да помогнеме за Ѓорче да биде модерно, урбано, хумано. Нема совршенство, но веќе се трудиме брзо и ефикасно да постапуваме, со трајни решенија, вели Стојкоски.

 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре средба Заев-Гаши

Next Post

ЛДП и ДОМ ќе предложат со закон да се забрани за „копање“ криптовалути

Реклама