Dark Mode Light Mode

Ќе налета ли Роналдо на македонските фудбалски мајстори во баражот?

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа постигна нов успех. По пласманот на ЕП, сега на нашите репрезентативци им се насмевнува и Светското првенство во Катар. Сепак, за да се успее во намерата да се биде на Мундијалот треба да се одигра баражот каде ќе има многу силни репрезентации.

Имено, од европските квалификации останаа 12 репрезентации кои ќе се борат за три места кои водат на Мундијалот. До сега се познати (освен македонија) овие репрезентации: Португалија, Полска, Шкотска, Русија, Шведска, Велс, Чешка и Австрија.

Неколку натпревари се играат деновиве Италија или Швајцарија, Финска или Украина, односно Холандија, и Норвешка или Турција.

Реклама

Кога ќе бидат познати сите 12 репрезентации ќе има ждрепката и ќе бидат поделени во три групи. Се игра еден натпревар полу-финале и финале.

Бараж натпреварите ќе се играат на 24 или 25 март 2022 г. (полу-финале) и 28 или 29 март 2022 (финале).

Кој е посакуваниот противник за нашите репрезентативци ќе се прават анализи деновиве. Може тоа ќе биде една од најголемите фудбалски ѕвезди – Кристијано Роналдо. Тој и неговата репрезентација синоќа изгубија од Србија, а самиот не упати ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол.

За потсетување: до сега се знаат девет репрезентации кои се пласираа на Мундијалот: Германија, Шпанија, Данска, Белгија, Франција, Хрватска и Србија кои се победници на своите квалификациски групи во Европа. Бразил е прв во јужно-американските квалификации, а катар ќе игра затоа што е организатор на миндијалот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов брзо замина и „заборавил“, Арсовска е „нова“, а вработените чекаат плата

Next Post

Македонија чека: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ штанцаат соопштенија за оставки

Реклама