Dark Mode Light Mode

ПМФЛ: Македонија ЃП со пресврт го совлада Скопје

Фудбалерите на Македонија ЃП забележаа попладнево гостинска победа над градскиот ривал Скопје со 2:1 (0:0) во воведниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Гостинската екипа дојде до триумфот со пресврт преку двојниот стрелец Сефер Емини (67 и 77 минута), откако Скопје поведе со погодокот на Ален Јашаровски (58).

Со освоените три бода на стадионот во Автокоманда, екипата на Македонија ЃП се искачи на шестото места на табелата со 20 бодови, додека Скопје остана деветтопласиран во зоната на испаѓање со 16 бодови.

Реклама

Преостанатите пет натпревари во рамки на 14. коло се закажани за в недела со почеток од 13 часот, а се среќаваат Академија Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница, Шкупи – Пелистер и Струга – Работнички.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

АВМУ: Несоодветно е однесувањето на обезбедувањето на ГТЦ

Next Post

Уапсени две лица, вработени во Железници „копале“ криптовалути

Реклама