Dark Mode Light Mode
Повторно пауза: Апасиев го бара Џафери да ја води седницата - нема причина за спреченост, вели тој
Кичеец доби 6 месеци затвор за сообраќајка каде загина човек, адвокат реагира дека делото не било поради „небрежност“  
Реџепи за Реџепи: Кој еднаш те предал, пак ќе те предаде

Кичеец доби 6 месеци затвор за сообраќајка каде загина човек, адвокат реагира дека делото не било поради „небрежност“  

На шестмесечна затворска казна е осуден Зоран Милески – Кичеец за сообраќајката кај Стража во септември годинава во која едно лице го загуби животот, а седуммина беа повредени. Ваквата пресуда била донесена откако Милески, кој е осуден во познатиот случај „Рекет“, се спогодил со Јавното обвинителство од Гостивар, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Според информациите од гостиварското ЈО обвинетиот ја признал вината и изразил каење по што била прифатена спогодбата. Обвинителството сметало и тоа дека сообраќајката Кичеец, кој во тој  момент претекнувал на полна линија, ја сторил од „небрежност“.

На ваква пресуда, реагира познатата скопска адвокатка Сузана Јошевска – Атанасовска која во објавата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека ваквите дела не можат да се сметат дека се сторени од „небрежност“.

Реклама

 Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла. Не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила!, реагира таа.

Таа додаде дека како отежителна околност требало да се земе и тоа дека имало седум повредени лица, дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требало да вози кола и слично.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повторно пауза: Апасиев го бара Џафери да ја води седницата - нема причина за спреченост, вели тој

Next Post

Реџепи за Реџепи: Кој еднаш те предал, пак ќе те предаде

Реклама