Улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало се зазеленува со нови 1.008 нискостеблести и грмушести садници, информираат од Општина Центар.
Грмушестите растенија ќе се садат покрај новиот дрворед од 15 јавори кои без засадени на почетокот на минатиот месец откога претходно беа исечени старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска извршил увид во садењето кое ќе се одвива и во текот на наредните денови.
Од општина Центар велат дека според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата со новите садници ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто од пред почетокот на инфраструктурните зафати.