Dark Mode Light Mode

Бројот на заразени скокна на 20 отсто од бројот на тестирани – 13 починале за 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица и 677 нови заразени од 3.317 направени тестирања, што е повеќе од 20 отсто позитивни од бројката на тестирани.

Починатите, најмногу се од Скопје 5 (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.317 тестирања, а регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 279, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2,Струмица – 1.

Реклама

Регистрирани сe 517 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006, од кои 3.728 во Скопје.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Прогласена едномесечна кризна состојба во енергетскиот сектор - нема рестриктивни мерки, ниту одговорност

Next Post

Новиот градоначалник на Центар се фати за лопата на „Орце Николов“

Реклама