Dark Mode Light Mode

Акција за чистење медицински и комунален отпад во општина Кисела Вода

Акција за чистење на медицински и комунален отпад денеска се одвива во општина Кисела Вода. Се чисти на три поголеми локации, мапирани како точки на кои е евидентирано натрупување на опасниот отпад, за кој e предвиден посебен третман. Чистењето започна околу Центарот за зависници, се одвива во неколку траси, и ќе се трае во текот на целиот ден.

Во акцијата за чистење на комуналниот отпад, како што соопшти општината, учествуваат сезонски работници ангажирани од општина Кисела Вода. Тие работат на миење на улиците, собирање на сметот, метење на паднатите лисја, перење на плочниците и тротоарите, косење на нараснатите тревни површини.

Во делот на собирање на медицинскиот отпад, е ангажирано здружението ХОПС, бидејќи согласно законските одредби, собирање и транспортирање на медицинскиот отпад може да врши само овластено правно или физичко лице. Согласно постигнатиот договор со општина Кисела Вода, ХОПС ќе продолжи секојдневно, со теренско возило да го чисти медицинскиот отпад од територија на општина Кисела Вода и во наредниот период, велат од Општината.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пред да замине Шилегов потпишал новогодишно украсување на Скопје за 244.000 евра

Next Post

Завршија постапките за Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане - потврдени градоначалниците

Реклама