Dark Mode Light Mode

Вакцинираните примаат трета доза, за со прва најмалку заинтересирани

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина.

Како што информираат од Министерството за здравство, заклучно со 2 ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бројот на приговори порасна на 23: Оспорени места во Старо Нагоричане, Кочани, Шуто Оризари, Конче, Пробиштип, Брвеница...

Next Post

Татко и син дома си произведувале оружје - откриен цел арсенал

Реклама