Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје, 77-годишен жител на скопско село пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил измамен од две лица.
Според пријавеното, лицата му побарале пари на заем за што му дале рачен часовник како залог.
Откако подолг временски период лицата не дошле да го вратат заемот, тој сфатил дака бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.